Делегација на Социјалдемократската младина на Македонија предводена од претседателот Стефан Богоев е во неколку дневна работна посета на Финска, Хелсинки.
Преставниците на СДММ во Парламентот на Финска остварија средби со досегашни пратеници, како и со истакнатиот политичар – пратеник, Јоханес Коскинен.
„На средбите се дискутираше за начинот на функционирање на финскиот Парламент. Запрашани за актуелните политички случувања во Македонија, претседателот на СДММ, Богоев, се осврна на проектот Вистината за Македонија. Ги презентираше барањата на опозицијата што ќе овозможат департизација на општеството и решавање на кризата: Преодна Влада, нов Јавен обвинител и нов обвинител за организиран криминал, како и потребата од нов уредувачки тим во МРТВ.

Пратеникот Коскинен, кој е информиран за случувањата во Македонија и ја посетил земјата во 2009 како набљудувач на претседателските избори од ОБСЕ/ОДИХР, изрази целосна поддршка за Македонија да се врати на вистинскиот пат. Пораките од Финска се дека државата, како земја членка на ЕУ, ќе се заложи за тоа“, соопштуваат од СДММ./извор А1Он