Сиа која што штотуку потврди дека е во брак со режисерот Ерик Сандерс, денеска го објави музичкото видео за „Fire Meet Gasoline“. Главните улоги во спотот им припаднаа на Хајди Клум и Педро Паскал, ѕвездата од серијата„Игра на тронови“.
Во видеото кое мошне се разликува од претходните три хита каде главната улога ја толкува талентираната млада танчерка Меди, можеме да ги видиме Хајди и Педро во секси сцени како заљубени љубовници со мрачна тајна. На крајот сепак се појавува познатата платинесто руса перика која овој пат ја става Хајди.