Пентагон: САД спречиле руски хакерски напад

од Vladimir Zorba
93 прегледи

САД спречиле уште еден напад на руски хакери оваа година, кои пробиле во јавна мрежа на американската армија, изјави американскиот министер за одбрана Аш Картер, нагласувајќи за зголемената кибер-закана и способноста на САД да и одговорат.

ruski hakeri

Картер на Стендфордскиот универзитет истакна дека Пентагон е подготвен да помогне за заштита на американските мрежи и доколку е потребно да употреби кибер-оружје.

Во новата стратегија за кибер-безбедноста на Пентагон, Русија и Кина се наведени како држави кои успеале да развијат кибер-способности и стратегии. За Иран и Северна Кореја се нагласува дека имаат „слабо развиени кибер-капацитети“, но  со отворени непријателски намери во однос на американските интереси.