(Видео) Втора ерупција на вулканот во Чиле

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Втората ерупција на вулканот Калбуко во јужниот дел на Чиле покри со дебел слој вулканска пепел голем број на градови и села, кои се во близина на разбудениот вулкан.

vulkan

Вчерашната прва ерупција на вулканот по 4 децении исфрли вулканска пепел на височина од над 6 километри во воздухот, каде по спектакуларен начин се подигна  лава и ја осветли позадината на ноќното небо.Втората неочекувана ерупција во регионот  на  Лос Лагос ги засили стравувањата дека локалните извори на вода ќе бидат затруени,  и донесе респираторни проблеми на локалните жители и симна  уште многу летови. Пепелта покри автомобили и куќи во градовите лоцирани во радиус од 29 километри од вулканот. Масовната евакуација во регионот продолжува.

Во минатото  вулкан Калбуко еруптирал околу една недела, соопшти вулканолог од Оксфорд за “Мејл Онлајн”, додавајќи дека не е можно да се предвиди кога вулканот ќе се разбуди. Калбуко е еден од најопасните 90 активни вулкани во Чиле. Сепак тој не бил под надзор, кога вчера еруптирал околу 18:00 часот по локално време. Вонредните служби биле изненадени и се имало само неколку минути да обвјавт тревога. Локалните власти соопштија за евакуација на околу 4.000 луѓе поради загадениот со гас и пепел воздух во реонот на вулканот, кој се наоѓа до градовите Порто Варас и Пуерто Монт.

Професорот Дејвид Пејл кој ги проучува вулканите во Чиле, смета дека сегашното ерупција на Калбуко е едно од најсилните, а исфрлената во воздухот пепел може да го  премине Тихиот Океан и да стигне до Австралија. Според него, сегашната ерупција е со сила “три од четири” во вулкански експлозивен индекс, што значи дека вулканот исфрлил во атмосферата десет милијарди кубни метри пепел.