Поради компјутерски колапс во северниот дел на САД посетителите на синџирот кафулиња Старбакс пиеја бесплатно кафе, соопштува АФП.
На Твитер беа поставени илјадници пораки на задоволни Американци, изразувајќи благодарност до компанијата. Други, пак, се пожалија дека не успеале да испијат бесплатно кафе, бидејќи местата побрзале да ги затворат порано од предвиденото.
Компанијата се извини за инцидентот и ги увери дека падот во системот нема да ги спречи нејзините локали да служи на клиенти како и обично.