Како никогаш претходно, Македонија деновиве е мобилизирана против корупцијата и неетичкото долгогодишно владеење, без разлика на националниите и верски бои, пишува професорот од Универзитет на Југоисточна Европа, Али Пајазити во колумна за Ал Џезира Балканс.
„Што се случува во Македонија, држава која никако не успева да го најде курсот кој вистински ќе ја стабилизира во нормалните текови на опстојувањето?
По 2001 година требаше односно да се гради нарушениот мир и кохабитација на двата најголеми ентитета, Македонците и Албанците.
Работите во државата почнаа да се дебалканизираат. И одеднаш настапува периодот на четврта Македонија груевистичка (од 2006), која успева да ја врати состојбата за 360 степени отварајќи го јазот на етнонационализмот минимизирајќи го албанскиот фактор. Истовремено, дојде до вистинска партократија, кои некои ја нарекуваат путинизам во мало.
Ваквото владеење создаде свои економски и медиумски тајкуни, кои и сега кога гори под нозете ја бранат „месијата на македонизмот“, бидејќи интересите се испреплетени.
Сега скоро на секој граѓанин му е јасно дека овој естаблишмент далеку од очите на јавноста го злоупотребувал државниот апарат во корист на одредени личности и групи од интерес.
Портокаловиот минибус на премиерот кој пикира „свои“ парцели, израелска провизија од стотини илјади евра, се само некои од ремек делата за “бомбардирање на владата“ од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Игра со оган
И сега кога и гори под нозете, најлесна финта за некаков спас на образот е играта со Албанците, односно, игра со огнот.
Се почна со сензација како онаа со напади од некакви виртуелни милитантни формации до оние таинствени (!) на барокоризираната Влада, која ја гранатирале невешти напаѓачи.
И денеска повторно е на сцена Гошинце, Липковскиот крај, пределот на војувањето во конфликтот во 2001 година.
Случај кој нема врска со некои процесуален тек на случувањата, туку е една престава која веќе со години се сака да се чува како некој зол дух над Македонија.
Тоа е сценатио кое наводно ќе ја релативизира длабоката криза на Владата, која е во кома. Мислам дека времето кога националистчката еуфорија ад хок преовладуваше кај народот е дел од историјата.
Најголемиот уривачки фактор на македонското општество е корумпираната елита, која со години прави ирационални чекори, почнувајќи од изборни манипулации, неразбирливи инвестиции, па се до стагнација кон евроатланските интеграции. Липоково моменталниот терен за експеримент.
Едно е сигурно – Контекстот не е тој од 2000-тите години. Граѓаните имаат поважни приоритети отколку погрешни работи за кои треба да се мобилизираат.
Мобилизација против корпуцијата
Денеска Македонија како никогаш претходно е мобилизирана против корупцијата и неетичкото долгогодишно владеење.
Граѓаните ги детектираа вистинските причини за падот на квалитетот на животот. Знаат кој им нуди повеќе историја и сензации како Скопје 2014, а се помалку леб и можности за лична реализација.
Дефокусирање на јавноста е еден од методите со масовна пропаганда, која секако нема да им помогне на оние кои им згрешиле на граѓаните.
Ин сум, во никој случај не се работи за загрозеност на државата, туку за загрозеност на актуелната влада, која во нормални држави би заминала одамна во ескапистичка недојдија (неверленд).
Али Пајазити за Ал Џезеира Балканс
