(ВИДЕО) Борјан Јовановски за „360 степени“: Спинот дека сами сме го инсценирале венецот е индиција за паника кај Груевски

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Борјан Јовановски одговори на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, повторени денеска од Охрид и од премиерот Никола Груевски, дека настанот со венецот е инсцениран.

21872mala

„Ме шокира перверзноста на спинот дека јас со моите колеги сум го инсценирал настанот што поздразбира дека јас на сопругата и на децата сум им го пратил посмртниот венец за да му асистирам на Заев и на неговата стратегија. И кога ќе речам дека тоа е примитивизам, мислам дека е комплимент. Се тешам само со сознанието дека тоа е индиција за една паника“, рече Борјан Јовановски, гостувајќи во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М, во прв јавен настап по настанот со венецот. Во емисијата гостуваше и новинарот Зоран Бојаровски.  Со став во емисјата излезе и претседателот на ЗНМ Насер Селмани кој не се појави на протетот пред владата. Што мисли за овие настани и зошто не присуствуваше на новинарскиот протест пред Владата – одговара  актуелниот претседател на ЗНМ . Во емисијата се зборува и за нападите пријавени од Антонио Димитриевски и Јанко Илковски и за реакциите по тој повод од МАН и од ВМРО-ДПМНЕ.