Ако ви претстои патување во странство оваа пролет, размислете да посетите некоја од најпознатите бајковидни градини во Европа или пак на континентот на кој планирате да одите.cd7d7b7fde0cb5d0d89daee6b69fae79

Една од овие градини се наоѓа, се разбира во Холандија, во близина на градот Лисе, и се вика “Keukenhof Gardens”. Во неа можете да уживате во огромна количина на прекрасната холандски лалиња, како и на различни сорти нарциси и зумбули.

Во градината цветаат над 7 милиони цвеќиња, а 4,5 милиони од нив се лалиња и тие се во сите бои на виножитото.

Ова ја прави оваа градина најголемата цветна градина во светот. Таа се протега на 80 хектари и всушност некогаш била ловен парк на прекрасниот дворец од 17 век “Castle Keukenhof”.

Најразумно би било да ја посетите оваа градина до кон средината на мај месец, за да можете да ја видите во целост нејзината брилијантност.

Видете и некои од другите најубавите градини во светот во нашата галерија!b61cbe691824363346749b225bf0ea43

Градините на Версај 

Тие можеби се едни од најпознатите во светот, но вистината е дека пејзажот им е беспрекорен и се простира на речиси 2.000 хектари. Во градините има фонтани, летниковци и патеки кои создаваат една уникатна атмосфера. Меѓу пролетните цвеќиња во градините се  зумбули, лилјани, јасмини и нарциси, кои се засадени во сложени и сценски обрасци.

660febbe6e3ccef01f9f05ac7f291267Бразилската ботаничка градина

“Jardim Botanico de Curitiba” е еден од дијамантите на Јужен Бразил.Градината е комплекс, кој привлекува обожаватели на цвеќињата од целиот свет. Во францускиот двор има оранжерии, водопади и езера, а целиот парк е претрупан со цветните леи.

6b3fea7df0309f7797be362ee7ea665fРозовата градина “Парна”

Оваа градина се наоѓа во Нов Зеланд, на едно мало, но  посебно место во центарот на Окленд. Оваа цветна градина ќе ве фасцинира со своите  над 4500 розови грмушки, сите во различни бои и од различни сорти. Врвот на оваа убавина е во пролет во Нов Зеланд, што е во октомври.

2b5b5b31d7de9228c40986f27222b53fГрадините “Поурскорт”

Овие градини се наоѓаат во Ирска,  меѓу ридовите на Виклоу. Овде можете да видите различни градини во италијански, јапонски и англиски стил. На пролет тука ќе уживате во рододендрон, нарцис, глицин, азалеи и африкански крин.

ace6eb477d8a072f13ee17537c52b88aБотаничката градина во Лондон

Оваа масивна градина “Kew Garden” се наоѓа во срцето на Лондон и се протега на над 300 хектари.ace6eb477d8a072f13ee17537c52b88a 8071a72353bcb960a5b710751bfb04d4

Цветната градина “Билтмор”

Оваа градина се наоѓа во Северна Каролина, САД и е вистински празник за очите, особено во пролет, кога цветаат азалиите. Во егзотичната  зимска градина пак можете да видите орхидеи.0fccca75bbd28720355b3352f8609e89

Градините на дворецот Мирабел

Тие се една од најголемите атракции во Салцбург, Австрија. Тоа е една од најпознатите интересни европски дестинации во барок стил.40ee68ad0dfbdc3c313ebc66e530a559

Градините ” Бучарт “во Канада

Тие се наоѓаат на 50 хектари на островот Ванкувер. Тука можете да уживате во минзухари, рози и орхидеи, додека се шетате по улички во викторијански стил, опколени со ароматични грмушки.db3c5070abb899668cfd1b1b5567a25b

Градините на Сингапур 

Поминете цел ден во оваа прекрасна градина, каде цветаат над 60 000 орхидеи. Во градините има езеро, водоскоци и пластеници со тропски видови.