Што беше тоа рецесија? Британските милијардери за 5 години го дуплираа своето богатство

од desk3
93 прегледи

“Рецесија? Што рецесијата? Најбогатите луѓе во Велика Британија всушност ја искористија кризата и денес се двапати побогати од 2009г.” Така лондонскиот “Сандеј тајмс” го претставува основниот заклучок од годишната рејтинг The Sunday Times Rich List 2015.

Во споредба со годината кога почнаа најтешките времиња за економијата во последниве децении, денес водечките 1000 по богатство поседуваат заедно 547 милијарди фунти ($ 830.67 милијарди). Тоа е зголемување од 112% во однос на 258 милијарди фунти во 2009 година.

За пвлез во новата листа е потребно поседување на најмалку 100 милиони фунти, што е за 45 милиони повеќе во споредба со рангирањето пред шест години и со 15 милиони фунти над минатогодишниот праг. Тоа е и најголемото годишно “кревање на летвата” за целата 18-годишна историја на листата на “Сандеј тајмс”.

Под №1 е родениот во Украина милијардер Лен (Леонид) Блаватник, кој пред една година беше на четвртата позиција. Во новата листа тој е проценет на 13,7 милијарди Фунти, или 3,17 милијарди фунти повеќе од 2014 година. Блаватник со години инвестира во медиуми, музичката индустрија и производство. За да можат читателите на “Сандеј тајмс” подобро да замислат колку е богат Блаватник, редакцијата објаснува дека на еден просечен Британец со 25 000 фунти годишен приход ќе се потребни 526 800 години, за да го достигне богатството на 57-годишниот милијардер .

Вторс е родените во Индија браќа Шри и Гопи Хиндуџа со 13 милијарди фунти од нивниот бизнис во производството и глобалните финансии. Трето е англо-канадското презиме Вестон, познати претежно со трговската империја, кои оваа година се проценети на 11 милијарди фунти.

Изданието додава дека свежи пари буквално ја преплавиле Британија и ги турнале Британците надолу во листата. Кралицата Елизабета Втора, на пример, е со 10 милиони фунти побогата, но со своите 340 милиони фунти за прв пат не успева да се нареди дури и меѓу Топ-300 во листата.

Податоците сигурно ќе бидат употребени во финалната фаза на кампањата за парламентарните избори на 7 мај. Лабуристите ветуваат при победа ддека ќе ги отстранат даночните олеснувања, овозможувајќи им на богатите да плаќаат пониски даноци на средствата заработени зад граница. Ова ќе влијае на околу 116 000 луѓе кои живеат во Велика Британија, вклучувајќи и некои од листата на “Сандеј тајмс”.

Рангирањето покажува дека со 117 милијардери земјата е третата по САД и Кина. Лондон е не само со рекорден број милијардери (80), но и нема друг град во светот, кој ќе може да се мери со британската престолнина по овој индикатор.