За жал кризата во Македонија влегува во уште посериозна фаза. Пред неколку дена имавме искуство за инсценирање на напад од Косово против пограничната полициска станица во селото Гошинце со презентирање на сето ова како инвазија на 40 борци на Ослободителната војска на Косово. Ако ова сценарио беше успеало да се реализира, Македонија можеше да се вметне во многу тешка криза. Целта е денешните владеачки стриктури да останат што е можно подолго на власт.
Во моментов во земјата има поголема опасност не од избувнувањето на меѓуетнички конфликт – меѓу Македонците и Албанците, tuku од братоубиствена македонска војна. На 9 мај ќе се одржи голем митинг пред зградата на власта. Граѓаните не планираат да си заминат од таму, додека премиерот Никола Груевски и неговите министри не поднесат оставка.
Сакаме да ja спречиме домашната криза во Македонија да прерасне во нешто полошо.Поради оваа причина неколку луѓе со искуство и авторитет се здружија за да gi интернационализираме проблемот и да го привлечеме вниманието на меѓународната заедница, вклучително и на нашите балкански соседи преку организирање на прес конференции во Софија, Белград, Солун, Приштина. Нашата цел е да ги избегнеме сите сценарија кои можат да доведат до големи политички превирања не само за нас, туку и за целиот регион. Покрај преговорите, кои се водат во Брисел, инсистираме за оставка на владејачките структури.
Не сум голем оптимист за скорешната оставка на премиерот Никола Груевски. Отсуството на опозицијата од парламентот дава уште поголем простор на дејствување на власта да прават што сакаат. Тие внесуваат закони кои се донесуваат без речиси никакви дискусии. Сето ова не придонесува за демократизацијата во Македонија. Поради оваа причина нашиот апел, како и повикот на меѓународната заедница, е опозицијата да се врати во парламентот.Албанските политички партии заедно со опозицијата треба да гласаат за нова преодна власт, која ќе организира нови демократски избори. Како резултат на тоа ќе дојде на власт една демократска влада. Тоа ќе ги реши наталожените проблеми, за да може Македонија да тргне напред како вистинска демократска држава, која е на пат да се приклучи кон Европската унија.
————–
Генерал Горан Митевски, поранешен директор на безбедносните служби во Македонија.
Скопје / Македонија/ БГНЕС
