(ВИДЕО) Следуваат крупни настани – Дали БЦ сега е бомбата за СДСМ?

од Vladimir Zorba
98 прегледи
Соочени со медиумската блокада и со сите проблеми со кои е соочува целото македонско општество, работите се одвиваат и подобро отколку што се надевавме. Од досега објавените 25 „бомби“ тоа е само околу 15 проценти од тоа што го поседуваме.
1(53)
ВМРО-ДПМНЕ бара дефокусирање на јавноста од тоа што се слуша и збори во јавноста, и тоа се труди да го направи со сите нешта. Претходно беше гранатирање на владата, потоа уследи Гошинце. Следуваат крупни настани кои ќе ги организира опозицијата, а бидејќи се поголема е поддршката од граѓаните, власта се труди од петни жили да ја дефокусира јавноста, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ Љупчо Николовски за локалната телевизија Стар во Штип.