СДСМ: Со референдумот граѓаните на Центар испратија силна порака до власта

од desk3
84 прегледи

logo

Референдумот во општина Центар недвосмислено испраќа порака дека граѓаните се решени да се спротивстават на погрешните политики на Никола Груевски.

Огромно мнозинство, над 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, го дадоа својот глас за зачувување на автентичноста на ГТЦ.

Во услови на непрочистен Избирачки список, во којшто над 25% од граѓаните имаат различни адреси од оние на коишто се заведени, дури 17.000 граѓани на Центар покажаа одлучност и се спротивставија на уништувањето на Скопје за лични и бизнис интереси.

Центар е општината во којашто Никола Груевски и неговите најблиски соработници ги направија најголемите прекршувања на изборните правила во последните неколку изборни циклуси, но и покрај тоа, не успеаја да го освојат Центар.

Идентично, и за време на референдумот Груевски и неговите соработници ги применија истите методи на притисок.

И покрај силниот притисок, граѓаните на Центар испратија силна порака до власта.

Јасно е, ниту притисокот, ниту молкот, ниту бојкотот на референдумот не можат да го спасат Никола Груевски од заминување од политичката сцена во Македонија.