Долговите на Хипо Алпе Адриа банка доаѓаат за наплата:Корушка е пред банкрот – Корушка е “Грција без океан”.

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Живописна австриската провинција Корушка е на работ на банкрот поради огромните долгови на Хипо Алпе Адрија, за која оваа австриска сојузна покраина претходно беше гарант, а какво расположение владее добро го опиша еден весник со карикатури во која Корушка е прикажана како “Грција без океан”.

Dugovi propale Hypo Alpe Adria banke dolaze na naplatu: Koruška na korak do bankrota

Јужната провинција, некогаш главен центар на десничарски лидер Јерг Хајдер, предупредува дека во јуни ќе останат доколку сојузната влада не им помогне со финансии. Австрија е членка на еврозоната, но доби своја локална верзија на Грција.

Моќните покраински гувернери некогаш им беа шефови на министрите во Виена, но министерот за финансии Ханс Јорг Шелинг бара длабоки реформи во замена за пари од федералниот трезор. Инаку Корушкаа би можела да ја носи титулата прв регион од еврозоната, кој банкротоирала по избивањето на глобалната финансиска криза од 2007 година.

Гувернерот Петар Кајзер, социјалдемократи лидер на владејачката коалиција во Корушка, за радио ОРФ, рече дека “сите провинции се финансираат од сојузниот трезор.”

“Корушка и пред тоа го правел и секогаш парите на време ги враќала. Мислам дека не постои причина да се воздржи финансиската помош за Корушка”, изјави Кајзер.

Долгови банка треба да се платат

Со неверојатна глетка на планини и езера, Корушка е австриската верзија на Калифорнија. Тука живеат 560,000 лица, односно. 6,5 проценти од населението на Австрија, а долговите на проблематичните банки изнесуваат 10,2 милијарди евра и тие треба да се вратат.

Имено, долговите на пропадната Хипо Алпе Адриа банка, ги презеде Корушка и тие сега доаѓаат за наплата. Долговите се наоѓаат во Хети “лоша банка”, во која се пренесени “токсичниот” имот на Хипо, а Шелинг во март месец, изјави дека “владата нема повеќе да потроши за Хети дури ниту едено евро од парите на даночните обврзници”, по банкротот на австриската Хипо банка, буџет веќе тоа го чинеше 5,5 милијарди евра.

Кајзер верува дека покраината не е одговорена за долгот се додека Хета не згасне. Меѓутоа, ако станува збор за исплата, Корушка ќе се најде во “драматична ситуација”, додава Кајзер, и најавува судска битка да се спасат провинциските финансии.

Шелинг вели дека помошта на федералната влада ќе биде “ограничена” и истакнува дека федералната власт нема законска обврска да им помогне на болните покраини. Нитуедна австриската провинција досега не доживеала стечај и не постои закон кој може да ја реши ситуацијата.

Некои правни експерти сметаат дека Виена е принидена да се занимава со проблемот односно да даде помош. Владин извор тврди дека Виена, во принцип, е подготвена да и помогне на Корушка, додека таа исполнува одредени услови.

Во понеделникот започнат преговори за поделба на “даноќниот колач”. Вообичаено две третини од за сојузната влада, а останатото за провинциите и за општини.