Жан-Мари Ле Пен сокрил над 2,2 милиони eвра

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Основачот на француската партија Национален фронт, Жан-Мари Ле Пен е осомничен за даночно затајување за  2,2 милиони евра во швајцарска банка, јави  Mediapart.

20150428.kziatbrrlt

Ле Пен поседува непријавени сметка во познатата банка HSBC во Швајцарија. Станува збор за 2,2 милиони евра, од кои 1,7 милиони – во златни прачки. Според Mediapart, сметката не е регистрирана директно на името на Ле Пен. Се било спакувано, скриено  преку  доверливо лице на францускиот политичар . Ако присуството на тајна банкарска сметка биде докажано Ле Пен може да биде прведен  во судот под обвинение за скриени   информации за својот имот и дури за даночно затајување.