Фуроре е мало рибарско село, лоцирано на крајбрежјето на Амалфи, во провинцијата Салерно, во регионот Кампанија, југозападна Италија.
Пред доста време тука имало голема населба со куќи расфрлани меѓу планините и со поглед кон морето, но без голем централен плоштад. Патот кој води до Фуроре, не се гледа од крајбрежјето, па селото практично останувало сокриено за туристите.
Токму затоа тоа го добило името “селото, кое не постои”. Неодамна, сепак, градоначалникот на Фуроре одлучи дека е време да се стави селото на мапата. Затоа тој ги повикува жителите да ги обојат своите куќи во светли бои, така што тие ќе се гледаат од туристите, кои минуваат во близина.
Оваа традиција се задржува и до денес, а управата на селото веќе кани уметници од целиот свет секој септември, за да цртаат и ги красат локалните згради со фрески.
Всушност Фуроре се наоѓа во тесна клисура меѓу карпите, а за да дојдете до него по вода, треба да поминете под 30-метарски мост.
За жал “скриеното село” веќе се претвори во атрактивна туристичка дестинација. Во него веќе има ресторан, продавница за сувенири, музеј, ботаничка градина и кусо крајбрежје.
Видете уште фотографии од симпатичното село во галеријата.






