Фејсбук направи сериозни промени во делот за известувања. Тие влијаат претежно на мобилните апликации, а ќе донесат повеќе функции и информации од социјалната мрежа, соопшти онлајн изданието Mешабл.
Како досега, делот Notifications ќе продолжи да дава информации за нови допаѓања, коментари, родендени на пријатели. Кон нив тој ќе покажува и листа со споделените од пријателите случки во нивниот живот, објавени истиот ден. Ќе има и информации за интересни настани во близина на корисникот, како и кои теми се најмногу дискутирани.