Само неколку дена откако го претстави својот нов предводник – LG G4, корејскиот гигант лансираше нов уред кој има неколку уникатни карактеристики. Тоа е LG G Stylo … Како што сугерира и самото име, овој телефон има и пенкало и е целосно оптимизиран за работа на овој начин – слично на Galaxy Note 4.
Телефонот има огромен 5,7 инчен HD екран (со добра резолуција од 1280 x 720 пиксели ), а под “хаубата” се наоѓа quad-core Snapdragon 410 процесор со 64-битна архитектура, кој работи на 1.2GHz. Телефонот е опремен и со 1.5GB RAM, како и простор за складирање на податоци од само 8GB. Дотука – ништо интересно.
Уникатното е на крај – овој телефон може да работи со MicroSD картичка со големина до 2 терабајти! Со тоа, моделот е првиот паметен телефон кој (теоретски) има простор за складирање на податоци со оваа големина. Проблемот е дека засега никој не произведува и никој не продава MicroSD картички од 2 терабајти. Мал детаљ :)