Денеска ќе презентираме дел од доказите што ќе потврдат кој следел и прислушувал во Република Македонија и како го правел тоа, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција. Материјалите што денеска ќе ги споделиме со јавноста во Македонија, додаде тој, ќе го потврдат она што го говориме од самиот почеток. Податоците за нелегалното прислушување потекнуваат од постојниот систем за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија-посочи Заев.
Опозиционерите објавија снимки меѓу Гордана Јанкулоска, Љупчо Тодоровски-Радникот и Сашо Мијалков од кои може да се чуе како се договараат дкако да апсат врз основа на прислушувања.
2. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Љупчо Тодоровски Радникот
ГЈ: Да.
ЉТ: Ало.
ГЈ: Еј. Кажи.
ЉТ: Само да виe…вие ќутете си, ја ќе ви кажувам.
ГЈ: Хахаха, кажи.
ЉТ: Во врска со ова вчера шо зборевме за овие што се надвор, а одат по болници, се договоровме со Горанче и со Апостол да ги надгледуваат и оној момент кога ќе искочат, да направат службена белешка и да го информираме судот дека они го напуштаат домот и да дадат наредба да ги приберат.
ГЈ: Добро, супер.
ЉТ: Меѓутоа, тоа е едната. А, другото е, на овој новиот адвокат којшто сега ги брани по…
ГЈ: По службена должност.
ЉТ: По службена должност, му праат притисоци одредени структури, како адвокати, така и овие политичариве од каршија.
ГЈ: Мхм, мхм.
ЉТ: Па ние вчера направивме некои предлози за мерки, ќе ги видите, ќе ви ги донесат сеа.
ГЈ: Важи.
ЉТ: Па да можат да ги…шо се вика, да ги уапсиме и да ги затвориме и ние.
ГЈ: Да де, да. Важи. Сé шо треба за да немаме после…
ЉТ: Сега дечкиве ќе ви донесат ова, ќе го погледате, за мерките…
ГЈ: Ок.
ЉТ: Така да, да ги документираме.
ГЈ: Јас на влада сум, сега не знам од колку саат, би требало брзо да завршам, ама ако е поитно у влада нека ми ги донесат.
3. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
СМ: Абе за ова што викаме за центаров, дали воопшто да го отвараме на 7-ми мај, ми е мене прашањето.
СМ: Е па, ај ќе видиме. Колку сте спремни…
ГЈ: Знаеш зашто?
СМ: Оти сакаат да дојдат и Израелциве.
ГЈ: Не бе, за спремни мислам дека немаме проблем, него у контекст на другава работа, знаеш. Нели ние викаме, неаме снимки, неаме ова, неаме она, а промовираме таков Центар.
СМ: Па добро, го отвараме после случкава, шо. До тогаш сме немале.
ГЈ: А бе, до тогаш сме немале, него, суштинската разлика е дали нешто до тогаш ќе завршиме со убиствово. Ако завршиме е полн погодок, знаеш.
СМ: Да, да, да.
ГЈ: Ама, ако не завршиме…
СМ: Не, не, не. Тоа…
ГЈ: Ај да видиме уште ден-два, па ќе се договориме, важи?
СМ: Да, важи, важи, ај.
ГЈ: Да не прејудицираме сеа. Значи, мене ми беше таа грижа.
СМ: Важи.
ГЈ: Ок.
СМ: Ќе те барам на фиксен.
ГЈ: Важи, ајде, чао, чао.
