Шестата генерација на лесниот модел Volkswagen Transporter беше прикажана пред неколку дена во Амстердам, Холандија. Новата генерација на моделот на брендот доаѓа 65 години по излегувањето на првиот модел и наследува пет успешни генерации со над 12 милиони продадени возила во целиот свет. Во сите овие години секоја нова генерација на Volkswagen Transporter, за времето во кое се нуди го ставило стандардите во однос на технологијата и квалитетот.
Новиот Volkswagen Transporter пристигнува и со нова генерација радио-навигациски системи. За прв пат во моделот е поставен екран со големина на екранот од 6,33 инчи, кој работи преку сензор за зумирање. Штом возачот или патникот до него доближи со рака допир, системот автоматски го детектира и се префрлува од режим известување кон режим на управување. Екраните имаат функција за управување преку гестови, прелистување или лизгање на датотеки на SD-картичката.
