Жена од Истокот ќе ја предводи ОН?

од desk3
99 прегледи

Со одлука што треба да се донесе следната година, процесот на избирање на нов генерален секретар на ОН веќе започна во позадината на кршливите промени во светот. Секретаорт во моментов Бан Ки-мун беше избран во 2006 година, кога светот се уште можеше да биде сфатен како еднополарен. САД може и да заглави во Ирак, но способноста на администрацијата на претседателот Буш да зрачи моќ на глобално ниво беше неоспорна.

Image_4738571_126

Контекстот во кој наследникот на Бан Ки-мун ќе ја преземе должноста, ќе биде многу поинаков. Тој ќе се мачи од обидите на светот да се справи со последиците од светската економска криза и од менувањето на редоследот на светските сили,кои доведоа до забрзувања на подемот на Кина и на други најбрзорастечки земји, до слабеење на еврозоната, кои ги принуди САД да ги ограничат своите амбиции , а Русија да го оспори со сила договореното, постигнато по крајот на Студената војна.

Една од последиците од поместувањата центрите на моќ е зголемената доверба на брзорастечките земји и барањето за промена на процедурите на ОН според сегашните реалности. Во годините одлуката за генералниот секретар на ОН секогаш била монопол на Советот за безбедност и најмногу на неговите членови со право на вето. Исклучените од овој процес држави, вклучувајќи значајни најбрзорастечки сили како Индија и Бразил, не гледаат причина изборот да е резервиран за петте земји победнички во војната, која заврши пред 70 година

Петте постојани членки на Советот за безбедност (П5) имаат заеднички интерес да ги заштитат привилегиите, но оваа нивна линија може да се покаже незапирлива, ако П5 не се усогласат со чувствителноста на други држави по прашањето за изборот на генерален секретар. Затоа е потребно да бидат направени познати попусти. Генералното собрание не се проглас за тоа каков човек би сакале неговите членови за таа должност, со исклучок на две конкретни нешта. Првото е дека треба да биде запазен принципот на ротација меѓу петте регионални групи во ОН. Бидејќи источноевропска група која генерално се совпаѓа со земјите од поранешниот Советски блок, единствена никогаш не го номинира генералниот секретар, општото мислење е дека сега е нејзин ред. Со оглед на правото на вето на Русија и најтешките нејзини односи со некогашните нејзините сателити, можностите за избор се намалуваат значително. Од оваа група има само две или три земји кои би можеле да достават прифатлив кандидат.

Второто барање на Генералното собрание е во процесот на избор да има рамноправноста на половите. Бидејќи до овој момент сите генерални секретари биле мажи, расте притисокот овој пат за должноста да биде избрана жена. Веројатно не е случајно тоа што од сите претставени досега кандидати за најсилен кандидат е сметана Ирина Бокова – бугарски дипломат, кој во моментов е за втор мандат на чело на УНЕСКО. Tаа сигурно исполнува многу од барањата: значително искуство во системот на ОН, едукација во Вашингтон и Москва, слободно говорење француски јазик. Се смета дека таа е добро прифатена во САД и е номинирана од својата влада, едно од ретките кои ги поддржува срцеви односи со Русија. Извори велат дека таа ја има поддршката и на Полска, која во моментов се потврдува како регионален лидер.

Од оние кои би се кандидирале, сериозни ривали на г-ѓа Бокова од Источна Европа се мажи, додека жените се повеќе од другите региони, вклучувајќи значителна група претставнички на Латинска Америка. Тоа не значи дека тие нема да добијат, туку дека ќе е потребно да надминат дополнителни пречки.

Дејвид Кларк, весник “Фајненшл тајмс”