Не е изненадување за никого дека многу од децата јасакаат технологијата. Ова сепак создава и доста грижи меѓу родителите дека прекумерната употреба на паметни уреди всушност може да го попречува развојот на децата.
Според организаторите на иницијативата Digital KidZ сепак тоа не е точно така. Тие направија листа со петте дистрибуирани мита за децата и технологијата.
1. Технологиите нарушуваат сонот на децата.
Според стручњаците не технологијата, апрезафатен распоред го попречува спиењето. Често во еден ден, децата одат на училиште, имаат дополнителни активности, курсеви, а потоа седат до доцна навечер. Токму презафатен распоред води до нарушувањата на спиењето. За целта е подобро беспотребно да се структурира подобро и да се обезбеди ефективно одмор, вклучувајќи со прошетки и игри надвор.
2. Технологијата ја нарушува комуникацијата дома
Се во прекумерни рамки може да ја нарушува комуникацијата. Ако семејството одвојува барем еднаш неделно време за заеднички активности, дури и тоа да е турнир со вашите омилени видео игри на децата, тоа ќе има позитивен ефект врз близината и комуникацијата.
3. Технологијата намалуваат успехот во училиште
Ова е еден од најраспространетите митови дека седњето пред компјутер неминовно води до низок успех, бидејќи ја спречува концентрацијата и го “убива” интересот за книгите. Според студија на германската фондација Stiftung Lesen децата повеќ би сакале да читаат e-книга отколку хартиена копија. Според истражувањето на Scholastic and Harrison, 80% од децата кои читаат електронски книги,ги прифаќаат со задоволство и хартиените изданија.
4. Технологиите доведуваат до лоша физичка активност
Децата имаат склоноста да се “забораваат” пред компјутер и да ги игнорираат физичките активности. Често родителите го “лекуваат” проблемот со забранување на седење пред компјутер, што доведува до спротивен ефект. Според стручњаците е подобро родителите да воведат ограничувања во времето, или подобро, да се комбинираат технологиите со физичката активност. Пример употребата на забавни апликации за време на прошетка, фитнес апликации за време на тренингот и др.
5. Технологиите штетат на психата на децата
Дискутабилно е кое би имало повеќе лош ефект врз децата – компјутерска игра со насилство или пак изобилството од насилство, секс, алкохол, вулгарен јазик и непристојно однесување кое се емитува на телевизиите.
Според стручњаците и во двата случаја, најважна е улогата на родителите. Тие треба да посветат време за да разговараат и да го објаснуваат на децата она што го гледаат, да бидат заинтересирани во проблемите и да ги сослушуваат. За деца до 12-годишна возраст е важно нивните родители да ја селектираат и содржината која достигнува до нив.
Digital KidZ е иницијатива која има за цел да “зближи” технологијата, образованието, родителите и децата.
