Според последните податоци населението на Земјата е околу 7 милијарди и 300 милиони луѓе . Трендот тоа да се зголемува е видлив, а потресните последици од пренаселеноста на нашата мала планета се факт, иако многу од нас сѐ уште да ги затвораат очите за овој проблем.
Луѓето ја користат Земјата и ги исцрпуваат нејзините ресурси “со брзината на светлината” , доказ за тоа е и серијата фотографии , собрани во книгата “Overdevelopment, Overpopulation, Overshoot” (во превод на македонски јазик “Преголем развој, Пренатрупаност, Претекување”).
Овие неверојатни фотографии ќе ве допрат и ќе ве натераат да се замислите . Тие ги отсликуваат еколошките штети кои луѓето ги нанесуваат секојдневно и конкретно на нашата планета. Книгата е претставена од организацијата Global Population Speak Out и вклучува уште цитати на познати писатели, научници и еколози.
Во нашата галерија може да се видат потресни снимки од различни точки на светот, кои се вклучени во изданието.Фотографии кои ги илустрираат проблемите кои доаѓаат од пренаселеноста и претрупувањето на Земјата и кои сигурно не би ве оставиле рамнодушни.

