Историјата на козметиката низ интересни факти (Прв дел)

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Како и сите други, козметичката индустрија ги крие своите мали тајни. Токму овие формули кои даваат неверојатен резултат, но никој не знае што содржат.15b8f0d3d584f1fcfa553b28795a6149

Или најчудните навики кои историјата се обидела да ги скрие, но не успеала.

Голем дел од интересните факти за козметиката се исклучително забавни, но сепак има и такви кои повеќе не тераат да размислуваме што точно ставаме врз лицето.

Ви претставуваме неверојатни тајни на козметичката индустрија – преценете сами дали ја збогатуваат општата култура.

1. Мирисот на Клеопатра

Многу пати сме споменувале за силата на мирисите и вештината да предизвикуваат одредена емоција и да го возбудуваат целото тело.

Токму ова својство на парфемите го користела и Клеопатра. Таа заповедувала едрата на нејзините бродови да бидат натопени добро со парфем, за да може ветрецот да го разнесува мирисот и да најавува за нејзиното доаѓање.

2. Коко Шанел го поставува трендот за сончање на кожата

Чоколадната боја по телото не била гледана позитивно пред 1920 година. Трендот несвесно е наметнат од самата Коко Шанел, која се вратила со тен по крстарење по Француската ривиера. Секако, не задоцниле и вештачките начини да се здобијат со бронзен тен.

3. Во средниот век била модерна белата кожа

Ова се должи на фактот дека аристократите го поминувале своето време главно на сенка со што ја задржувале кожата бела. Од другата страна биле луѓето од ниската класа, кои биле принудени да работат по цел ден на отворено, па неминовно се здобивале со потемен тен.

Белата кожа била белег на потекло и аристократија. Познат трик за осветлување на кожата во тоа време била употребата на пијавици.

4. Неонскиот лак е нелегален во САД

И покрај многуте брендови за таков тип козметика кои произведуваат неонски нијанси, во нивните производи немаат неон. Забраната за користење на неонски во лак сепак не важи за сите земји.

5. Лаковите за нокти се измислени во Кина

За првата формула за лак за нокти се смета дека е измислена во Кина уште 3000 п.н.е. Оригиналните состојки биле белка од јајце, смола, пчелин восок и боја во прав.