Фејсбук почна постепено воведување на видеочат во “Месинџер”. Со оваа услуга социјалната мрежа станува директен конкурент на “Скајп”.
Засега видеочатот ќе е достапен само за “iOS” и “Android”. Корисниците ќе можат да ѕвонат на пријатели од телефонот дури и ако едниот користи “Android”, а другиот “iOS”. Видео комуникацијата ќе ја прошири комуникацијата во реално време на повеќе од 600 милиони луѓе кои ја користат апликацијата.
Услугата е бесплатна и тргнува пробно во неколку држави. Постепено ќе биде активирана и за останатите региони, а компанијата планира да биде подготвена во рамките на следните неколку месеци.
Видео разговорите се со HD квалитет и не се ограничени на траење.
Во почетокот на минатиот месец Фејсбук објави дека е можно да се вршат плаќања на пријатели преку “Месинџер”. Се тестира исто опцијата за правење купувања директно од страната на Фејсбук.