Калифорниското парче од рајот, кое се наоѓа на два мали полуострова, се продава за 75 милиони долари, објави “Волстрит џурнал”.
Зградата се продава од Рејмонд и Филис Контино. Нивниот син Мајкл, еден од нивните шест деца, појасни дека имотот бил во неговото семејство од 1930г.
Тогаш неговата прабаба го купила “Лагуна Бич” и изградила ѕид кој создава природен морски базен кога има наплив и проточна вода. Таквите структури веќе не можат да бидат изградени и се голема реткост.
Имотот “Лагуна Бич” е со димензии од околу 2 хектари и се наоѓа помеѓу две песочни плажи.
Изградена е и скромна куќа на околу 60 метри над водата, со три спални, три бањи и поглед кон океанот и островот Каталина, како и посебна куќа за гости.
Помеѓу двата полуострова се наоѓа мал залив со скали кои водат кон плажа.