Даниел Кајмакоски и „Џули“ за мојата мајка

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Победникот на „Х-фактор“ и наш годинешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, направи несекојдневен подвог за својата мајка. Тој е дефинитивно евровизиско дете од сввоето раѓање. Сакајќи да ѝ ја исполни желбата на својата мајка, го препеа мегахитот„Џули“, со кој далечната 1983 година настапи Данијел Поповиќ, претставувајќи ја Југославија на „Евровизија“.

unnamed(61)

Приказната „Мило на мама пејач да ми бидеш “почнува некако вака …

По желба на неговата мајка, вториот син во семејството Кајмакоски го носи името на тогаш популарниот пејач Даниел Поповиќ, којшто ја претставуваше Југославија на изборот на песна за Евровизија во 1983-тата година ( годината на раѓање на Даниел Кајмакоски ) и го освои четвртото место со мегахитот „Џули“.

Мајката на Даниел посакувала и нејзиниот син да стане пејач и еден ден тој да застане на евровизиската сцена за својата земја. Тоа било нејзината желба кога го видела, кога се родило бебето, и нормално името му го дала Даниел.И сега мислите дека Кајмакоски случајно се најде на Евровизија ли?

Daniel1-450x237

Триесет години подоцна нејзиниот сон станува реалност, а како благодарност за големата поддршка којашто му ја давала на нејзинот син во градењето музичка кариера, но и во чест на големиот 60-годишен јубилеј на Евровизија, Даниел и неговиот тим го најдоа вистинскио начин да кажат : „Благодарам за се“!

Како изненадување за сите фанови на овој европски музички фестивал, и за најголемиот „фан“ на Даниел – неговата мајка – Кајмакоски ја претстави кавер-верзијата на „Џули“.