Забрануваат дизел автомобили во Велика Британија

од desk3
100 прегледи

Движењето на дизел автомобили во Велика Британија може да биде суспендирано, откако Врховниот суд пресуди дека Владата треба да преземе итни мерки за да се справи со загадувањето на воздухот во градовите, пишува весникот The Telegraph, цитиран од “Фокус”.

Image_4740440_126

Европската комисија може да и наложи на Велика Британија казни за милиони фунти поради неспособноста на земјата да ги намали нивоата на азотен диоксид. Во средата судиите од највисоката британска судска инстанца му наредија на Министерството за животна средина до крајот на годината да подготви нови планови и да најде радикални начини за справување со загадувањето.

Според експертите дизел автомобили и камиони ќе се главната цел на мерките, бидејќи емитуваат најголемо количество азотен диоксид.