Утре за Први мај, повик до сите на синдикални протести

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Потписниците на Повелбата за солидарност, по повод Меѓународниот ден на работничката борба – Први мај, организираат протест за социјална правда и работнички права. Протестот започнува точно напладне од споменикот на предвоени синдикати.

Од овде од симболот на солидарноста, за да не го заборавиме, ќе го почнеме нашиот протест за да покажеме дека солидарноста и автентичниот синдикализам не се од сега, туку имаат традиција, порачаа синдикалците.

IMG_20150429_113252

Протестот  закажан за 1 мај, утре во 12 часот ќе тргне од пред  Споменикот на солидарноста (кај автобуската постојка спроти Олимписки базен), ќе продолжи пред Собранието, Министерството за труд и социјална политика и ќе заврши пред Владата.

– Први мај е ден за отпор, а не ден за одмор. На овој ден како работници треба да протестираме бидејќи ни се погазени достоинството и правата. Овој ден им припаѓа на сите работници и затоа ги повикувам и оние кои в петок бидејќи добиле таква владина директива, а присуствуваат на дефилето на ССМ, да дојдат со нас и да го покажат незадоволството против тој и таков притисок  порачуваат синдилалците на ПОвелбата  за Солидарност