Дел од раководството на СДСМ во текот на целот ден е помеѓу граѓаните на Кавадарци. Генералниот секретар Оливер Спасовски, членовите на Извршниот одбор на партијата, Сања Лукаревска, Тања Ковачев, Пеце Мирчески, Татијана Прентовиќ, Максим Димитриевски, претседавачот со Централниот одбор на СДСМ, Диме Велковски, како и претставници од Општинската организација разговараа со граѓаните на Кавадарци.
– Урнати ни се темелите на коишто почива државата, институции нема, повторно ќе треба да ги градиме. Како што заедно ги поставуваме темелите на државотворноста на Македонија така подготвени сме повторно да ја одиграме клучната улога за Македонија. Вистината ја објавуваме не само за да ги констатираме состојбите, туку да започне процес на повторно враќање на слободата и демократијата. Ви благодариме за поддршката, за подадената рака. Таа поддршка многу ни значи, ни помага и не крепи, заедно да отвориме нова, светла страница од нашата историја, нова страница за иднината на Македонија – рече генералниот секретар, Оливер Спасовски, во директните средби со граѓаните на Кавадарци
