Порошенко: Војната ќе заврши кога Украина ќе ги врати Крим и Донбас

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Во интервју за украинскиот телевизиски канал СТБ претседателот на Украина Петро Порошенко го одреди “враќањето” на Донбас и Крим како услов за крај на војната во југоисток.

20150501.muijdfjwnn
Киев не се откажува од милитаристкичките амбиции и се надева да не дозволи федерализација на земјата, рече Порошенко. “Војната ќе заврши тогаш, кога Украина ќе ги  врати Крим и Донбас … И колку долго ќе потрае ова? Колку што е потребно. Територијалниот интегритет на земјата треба да биде главен приоритет.Ќе бараме секакви патишта. Ќе бидеме бескомпромисни по ова прашање “, рече украинскиот претседател, одговарајќи на прашање за тоа кога ќе заврши конфликтот во југоисток на земјата. Притоа Порошенко не посочи  варијанти и  кога ќе се случат предметните настани. Тој ја спореди Украина со Израел, кој се наоѓа во состојба на “борба за своите територии, во војна за независност” веќе над 30 години.