Гугл наскоро ќе го промени начинот на кој овој пребарувач ќе ги препорачува сајтовите на смартфоните и на тој начин целосно ќе ја смени посетеноста на одредени продавници, интернет страници и ресторани.
Имено, одсега ако се пребарува Гугл преку мобилен телефон, тој ќе ви ги препорача само оние сајтови кои се прилагодени на нивните екрани. Оние кои не се вклопуваат во описот, односно оние кои се преголеми за екраните на смартфоните, ќе бидат отстранети од првите места.
Секако, овие места на Гугл пребарувачот за компаниите се од исклучително значење бидејќи им овозможуваат многу поголема посетеност, а со тоа и пари. Овие измени нема да влијаат на пребарувањата на десктоп и лаптоп компјутерите, но ќе им направат проблеми на голем број фирми кои своите интернет страници не ги прилагодиле на паметните телефони.
Ова ќе биде можеби најзначајната промена која компанијата Гугл некогаш ја направила во статистиката на пребарувањата на мобилни телефони.
