(ВИДЕО) Директорот на паркинзи претепан и приведен од полицијата

од Vladimir Zorba
108 прегледи

По завршување на натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ, јас се обидов да им пристапам на играчите и да се ракувам со нив.

timthumb-540x303

Во тој момент, полицијата почна да ги турка луѓето, а јас ги прашав зошто. Тогаш, полицијата ме извлече, ме легна и ме истепа. После тоа, ме однесоа во полициска станица и веќе извесно време никој не ми кажува зошто сум приведен. Не знам дали ќе ми поднесат некоја пријава и за што, но јас ќе одам на преглед и ќе извадам лекарска документација за повредите – изјави директорот на ЈП Паркинзи Центар и член на СДСМ , Саша Богдановиќ за Фокус, еден час по неговото приведување.

sasa

Во меѓуврем е додека траеше неговото приведување , поголема група навивачи на Работнички со собраа ноќескса пред полицислата станица „Беко“ и го чекаа исходот постапката на полицијата..