Порака до делегатите на партијата ВМРО-ДПМНЕ и до членството на партијата во очи на претстојниот Партиски Конгрес на 2 и 3 Мај во Револуционерното Куманово. Ви пишувам од далечниот ЊУ Јорк пред се како Македонец, но исто така како прв задграничен претставник за Северно-Американскиот континент на партијата ВМРО-ДПМНЕ…
Кога во Божјата Недела, на 3 во месецот Косар ќе ве огрее Македонското Сонце присетете се дека државата во која живеете е дело на безбројни генерации на Македонки и Македонци од памтивек кои ги положија своите животи на олтарот за слободна и независна Македонија на Македонците. Не заборавајте дека тој сон го сонуваа Македонците многу генерации пред вас. Вие денес имате историска можност да го оправдате постоењето на светите идеали на ВМРО како дел од името на партијата ДПМНЕ. Тие идеали денес се најзлобно узурпирани токму од врвот на партијата на чело со Никола Груевски.
Споредете го него со великаните на историското ВМРО и ќе видите дека тој и неговите најблиски поддржувачи се само бледа сенка и карикатура на карактерот на ВМРОвските идеали! Во свое лично и во име на вистинските основачи на партијата, во името на правдината и вистината ви ја испраќам оваа порака со намера да ви предочам дека останува на вас да го оправдате постоењето на буквите ВМРО во партијата ДПМНЕ. Тоа ќе го сторите со тоа што ќе му изгласате Недоверба на Лажниот месија и лидер Никола Груевски и тесниот круг на неговите расипани подржувачи.
Вие имате морална обврска да барате оставка од Груевски за да може да опстане Државотворната партија ВМРО-ДПМНЕ чии што историски основачи и вистински подржувачи се избркани од партијата и заменети со кукавички јајца од истиот кокошарник од кој што е испилен и криминалецот Груевски, кој што веќе девет години удира шамари врз чесниот образ на ВМРО и Македонија! Да живее ВМРO! Долу со Груевски и неговите јавачи на Јаловата Кобила на Срамот! Ако го спасиме ВМРО од Груевски ќе ја спасиме и Македонија од Црвенковски! Сега или Никогаш!
Проф. Нестор Огинар
