Москва ги вади најновите оружја за Денот на победата

од desk3
107 прегледи

На Јубилејните прослави во Москва за 70-годишнината од победата над фашизмот ќе има помалку странски гости отколку пред 10 години, но за властите на земјата е поважно празникот да биде достојно одбележан најмногу за граѓаните на Русија, изјави во интервју, шефот на администрацијата на претседателот на Руската Федерација и шеф на организацискиот комитет за подготовка за прославата Сергеј Иванов, цитиран од агенциите.

0000262309-article2

“Тоа е првенствено руски празник, кој има огромно значење за рускиот народ: тој се гордее и сака да ја нагласи одлучувачката улога на СССР во победата над нацизмот”, истакна Иванов.

“Ние сме подготвени да покажеме радосен прием на сите кои ќе одговорат на нашата покана, но нагласувам – ова е пред сè наш празник, наш ден на сеќавањата”, додаде тој.

Шефот на кремљската администрација призна дека “во денешните услови нашите односи со некои земји од Западна Европа и Северна Америка не се најтопли и поради тоа во Москва нема да пристигнат толку многу светски лидери, како на пример пред 10 година, кога на парадата беа претседателот на САД Џорџ Буш, британскиот премиер и други “.

Според неговите податоци, учеството официјално го потврдиле 26 држави и влади, а исто така и лидери на бројни меѓународни организации, вклучително и на ОН. Иванов прецизира дека меѓу учесниците во свеченостите ќе бидат “шефовите на ЗНД, на некои земји од Азија, на некои земји од групата позната како БРИКС, како и лидери на голем број европски држави – Чешка, Словачка, балкански земји, Кипар .

Тој потсети дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе допатува во Москва на 10 мај, односно следниот ден по парадата.

Раскажувајќи за самата воена парада, Иванов рече дека во неа ќе учествуваат 15 000 луѓе, легендарните тенкови Т-34, а исто така и новите руски оружја кои ќе бидат прикажани за прв пат, на пример ракетниот комплекс РС-24 “Јарс”, БТР -И, артилериски лансери.

Над Црвениот плоштад ќе прелетаат најновите, ултрамодерен ловци Су-30 и Су-35.

Парадата ќе се состои од два дела – современа и историска. За време на вториот дел некои од инволвираните војници ќе бидат облечени во советски воени униформи пред 70 година. Иванов додаде дека воени паради ќе се одржат во 150 градови во Русија и некои поранешни советски републики. Тој не сакаше да ги открие сите детали околу парадата во Москва, очигледно алудирајќи дека ќе има и изненадувања.