The Diplomat: Вежбите во Средозменото море ја демонстрираат моќта на сојузот Русија – Кина

од desk3
108 прегледи

Првите заеднички вежби на морнарицата на Русија и Кина во Средоземното Море се демонстрација на подемот на соработката и интеракцијата помеѓу двата гиганти, пишува The Diplomat. Според зборовите на официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Кина Ген Јаншен програмата на вежбите вклучува одработување на активности по организирање на пловни објекти и обезбедување на безбеден превоз.

20150503.cdljvhawvs

Ќе се активираат вкупно девет воени бродови. “Целта на манифестацијата е продлабочување на соработката меѓу Русија и Кина и јакнењето на потенцијалот на двете страни со цел парирање на заканите и зајакнување на безбедноста по море”, ги цитира The Diplomat зборовите на претставникот на одбраната на Кина.

Кина и Русија, забележува весникот, редовно спроведуваат заеднички маневри во Тихиот окен. Вежбите во Средизмно Море се нивниот прв заеднички настан тука што сведочи и за растечата желба на Пекинг да ги прошири хоризонтите на морското присуство на својата флота.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Кина, пак претходно посочи дека во вежбите ќе се вклучат бродови кои патролираат во води со пиратски напади в околу Африканскиот брег. Станува збор за помошен брод и две фрегати. Бродовите ќе демонстрираат навигација, снабдување, придружба и пукање.

Ова не е прво влегување на кинески воени бродови во Средоземното Море – во 2011 година неколку бродови ја помогнаа евакуацијата на над 30 000 кинески работници од Либија, а во 2014 година Пекинг испрати својот фрегата за операцијата за отстранување на резервите на хемиско оружје на Сирија .
Ова вежба пак може да се толкува како демонстрација на Москва дека не е во меѓународна изолација и е во состојба да спроведе воени маневри.

Не е јасно кога точно ќе започнат вежбите, но веројатно ќе бидат по 9 мај, кога пред очите на кинескиот претседател Си Дзинпин, голем кинески контингент исто така ќе маршира на Црвениот плоштад.