Научници: Глобалниот колапс на интернетот ќе е по 8 години

од desk3
95 прегледи

Водечките инженери, физичари и претставниците на телекомуникациските компании се собраа во Кралското друштво во Лондон. Тие разговараат за тоа како да се спречи кризата на глобалната мрежа, кои според нив може да се случи по 8 години, пишува The Daily Mail. Процут на интернет телевизиите, вклучувајќи и директен пренос, растот на моќноста на компјутерите го зајакна оптоварувањето на серварите до критични граници. Кон сето ова во последниве години се додаваат бројните смартфони и таблети, за кои исто така е потребен брз интернет.

20150502.doujxjcpsf

Во последната деценија инженерите успеале да ја зголемат пропустителната способност на каблите од оптички влакна 50 пати. Во 2005 година максималната брзина на интернет беше 2 мегабити во секунда. Сега раширената брзина е 100 мегабити. Но, научниците тврдат дека моќноста на инфраструктура ги достигна своите граници: каблите веќе не можат да пропуштаат повеќе информации.

Како што изјави организаторот на научната конференција проф. Ендрју Елис, единствениот спас на интернет од глобален колапс, е неговото значително поскапување. “Во лабораториите постигнавме можното: каблите од оптички влакна не пропуштаат веќе поголем волумен на податоци. Интензитетот на податоците веќе е толку огромен што да се обидуваме да ја зголемиме пропусната моќ што би изгледало како да пробаме со рака да го заслониме сонцето. Развојот на пазарот ни остава од 6 до 8 години. Но, за 8 години ние нема да успееме да го решиме овој проблем. Барањата за информации растат со секоја изината минута. Многу тешко во изминатите години успеавме да одиме напред, но денес сме ја достигнале точката од која повеќе нема каде да се оди “, објаснува научникот.

Елис тврди дека интернет ќе поскапува во иднина, за да биде ограничено потрошувачката и оптоварувањето на инфраструктурата, дотогаш, додека не биде најдено радикално решение за преносот на податоци.