Најмалку 23 полицајци и седум демонстранти се повредени синоќа во Тел Авив во судирите кои избиле по собирот против насилство и дискриминација на полицијата врз Израелците, кои се по потекло од Етиопија.
Полицијата соопшти и дека неколкумина демонстранти биле уапсени. Околу 3.000 лица, главно Евреи од етиописко потекло, протестираа синоќа во Тел Авив против расизмот и полициската бруталност, предизвикувајќи прекин во сообраќајот а подоцна и немири.
Етиописката заедница во Израел ја вознемирило објавувањето снимки на кои се гледа како полицајци физички напаѓаат припадник на израелската војска од етиописко потекло.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денеска ќе се сретне со претставници од оваа заедница, како и со претепаниот војник./МИА
