На мапата се неколку истакнати места во земји од Балканот, во вид на едукативна турнеја, која ја организира тур-операторот „Деј дрим травел“ (DayDream travel) од Словенија.

Гостите кои тргнаа од Љубљана,  ќе ги посетат Охрид и Охридско Езеро, а потоа турата ќе продолжи кон Албанија.

Во Охрид ќе ги посетат Музејот на вода во Заливот на коските и манастирскиот и туристички комплекс Свети Наум.
„Спринг Балканика“ почна на 26 април, а ќе заврши на 2 мај. Во посетата се вклучени : Љубљана (Словенија), Загреб (Хрватска), Белград (Србија), Скопје и Охрид (Македонија), Тирана и Круја (Албанија)./META