Зошто мал секс скандал во Украина може да се гледа како знак за напредок

од desk3
118 прегледи

Андреј Мирошник имаше лоша недела. На 23 април, кога сеуште беше пратеник во украинскиот парламент, буден фотограф го фати како испраќа пораки преку мобилен телефон среде пленарна седница. Овој факт сам по себе не би можел да предизвика скандал во еден парламент, познат со политички битки во минатото. Меѓутоа содржината на пораките на Мирошник предизвика изненадување. Во една од нив тој ја договараше резервацијата за семеен одмор на Малдивите во вредност 27 илјади долари и споменуваше дека лаже пред некого, кого го нарекува “шеф”, за цената на патувањето, раскажува “Форин полиси”.

655-402-myzh-telefon

 

Во друга порака Мирошник флертува со жена по име Олја. “Наместо да размислува за својата земја, мислам на љубената, која решава глобални проблеми со кочан одпченка”, напиша тој. Точното значење на она криптирана порака можеби никогаш нема да се разјасни, но мора да кажеме дека тоа сигурно звучи интимно. А украинскиот досаден преса пак со задоволство истакна дека името на сопругата на Мирошник е Инна.

Ден подоцна – најверојатно по прометните дискусии помеѓу неговите колеги во партијата “Само-помош”, Мирошник ја предаде својата оставка,им се извини на гласачите, ако тие смета дека однесувањето му е недостојно, и рече дека сака да биде “слободен човек “.

Желбата можеби е на пат да се оствари. Според друг украински сајт жена му Инна поднела барање за развод.

Дали се случило уште еден депресивен потсетник дека и покрај години на мачни реформи украинската политика останува нешто како фарса? Всушност сепак е сосема можно да кажеме дека
овој посебен скандал е вистински знак за демократски прогрес.

Токму поради поранешната улога на законодавен орган, вршекќи ја безусловно волјата на владејачката партија, парламентот во времето на поранешниот претседател на Украина беше полн со секакви доверени на режимот луѓе и со нивни роднини, со олигарси и со арамии. Не е потребно да се вели дека никој од овие ликови некогаш си мислел да поднесе оставка поради каква и да е причина, освен ако не стануваше збор за револуција, уште помалку ако е заробен да праќа “зачинети” текстуални пораки.

Оставката на Мирошник од друга страна уследи еден ден откако тој се најде во непријатна ситуација пред општеството, која беше барана на социјалните медиуми и од радосното пренесување на оваа приказна на десетици веб-сајтови.

Дел од разликата помеѓу она што се случи сега и претходната практика се должи на природата на “Само-помош” – политичката партија која Мирошник претставуваше во парламентот. Оваа партија е вистински нов феномен во националната украинска политика. Таа се роди во прогресивниот западен град Лавов како локално граѓанско движење кое се прошири, бидејќи неговиот шеф и основач Андриј Садовиј ја зацементира својата популарност со успешниот и континуиран и сега мандат како градоначалник на Лавов.

655-402-vyrhovnata-rada-kiev-parlament

Откако Садовиј беше избран за прв пат во 2006 година, движењето “Само-помош” продолжи да работи во тесна соработка со неговата администрација, како за нејзината поддршка, така и за да ја натера да дава отчет пред обичните луѓе. Движењето стана официјална политичка партија во 2012 година и влезе во националниот парламент по изборите во 2014 година, се пласираше на третото место.

“Само-помош” се гордее со својата младина, со своите прозападни убедувања и заради тоа што е нова политичка сила.

Од 33-е пратеници на “Само-помош”, ниту еден не бил пратеник во претходниот парламент. Можеби поради оваа причина партиските законодавци го прифатија крахот на Мирошник како толку вознемирувачко, но и како знак за нејзината виталност. Зашто,ако се имаат предвид корените на граѓанско движење, поврзано со администрацијата на мал град, пратениците од “Само-помош” сенавикнати да бидат забележувани непрестано од своите поддржувачи.

Кога скандалот со Мирошник стана јавнен, тие знаеја како да постапуваат. Немаме шанси за опстанок во слична ситуација, рече Остап Процик, активист на “Само-помош” и советник на градоначалникот Садовиј. “Другите партии може и да не обрнуваат внимание на такви работи. Тие можат да си кажат: “Кому му е гајле за било какви пораки? Но, ние не можеме да си дозволиме такво нешто. Треба да бидеме многу, многу претпазливи “, рече тој.

Лев Пидлисецки, еден од пратениците на “Само-помош”, е на истото мислење.

“Во други партии и во минатите времиња човек можеше да украде милиони. Милијарди дури!

И на овие партии немаше да им е гајле. Во овој случај имаме направена грешка и поднесена е оставка “, рече тој.

Некои од овие изјави може и да звучат од корист, доаѓајќи од членови на политичка партија, кои се обидуваат да се претстават во поволна светлина и да се извлечат од непријатна ситуација. Но всушност е вистина дека оставката на Мирошник покажува дека за прв пат во модерната украинска историја украински пратеник поднесе оставка за такво релативно мал етички прекршок.

Коментарите во страницата на “Фејсбук” кон веста за дадената оставка на Мирошник се генерално позитивни. “Гласам за вашата партија”, пишува еден од коментираат. “Не жалам ниту ден дека сум го дал својот глас за оваа партија. Не се откажувам, момци “, пишува друг.

“Тоа е преседан, господа. Оваа ситуација е доста непријатна и предизвикува непочитување за посочениот поединец, но неговата реакција е достојна за почит. Еве така дејствуваат луѓето во демократските земји “, пишува трет.

Можеби не треба да се претера оваа приказна. На крајот на краиштата тоа си е само приказна за еден кој паднал во немилост поранешен парламентарец, за една најверојатно поништена резервација за одмор на Малдиви и за едно гласно медиумско покривање. Но ако украинските пратеници конечно почнуваат да учат дека лошото однесување има последици, тоа сигурно е нешто што вреди да се поздрави.