Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во “пучот” во ИВЗ

од desk3
169 прегледи

Државните институции не се вмешани во преземањето на Исламската верска заедница, истакнува Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во демантот на информациите објавени во некои медиуми.

Valentina-Bozinovska-11

– Она што државата била секогаш подготвена во делот на комуникација со верските заедници било најчесто за излегување во пресрет и помагање во делот на решавање на прашањата за денационализација, верските објекти, проблемите поврзани со пензиското и инвалидското осигурување и секогаш создавала услови за непречено извршување на активностите на верските заедница, па оттаму, и на Исламската верска заедница, наведува Комисијата во демантот.

Како сме се однесувале кон ИВЗ, потенцираат, така сме се однесувале и кон МПЦ-ОА.

– Државните институции отсегогаш работеле за добробит на веските заедници и на меѓуверската толеранција и соживот во Република Македонија, наведува Комисијата.

Апелира инволвираните страни, како што посочува, со мирна глава, без употреба на сила, согласно ингеренцииите што им ги дава Статутот, Правилникот, Уставот на ИВЗ и другите законски регулативи во Република Македонија, меѓусебно да ги разрешат внатрешните проблеми и случувања. /МИА