ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемува нервозата кај СДСМ од доказите за вмешаноста на Заев во дестрктивното сценарио

од desk3
93 прегледи

images (2)

Станува се поголема нервозата која владее во СДСМ од доказите кои постојат за нивниот лидер Зоран Заев, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во рекација на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

– Петре Шилегов очајно се обидува да манипулира со случајот Пуч, во кој постојат евидентни правни докази и признанија за вмешаноста на Заев во деструктивното сценарио со кое се обидува да се дограби до власта. Целосно е разобличен планот на Заев, Верушевски и нивните соработници да ја втурнат Македонија во криза и на тој начин да ги остварат целите на странските центри кои не и мислат добро на Македонија, а притоа да дојдат на власт без избори. Тие јасно го кажаа своето не на нивните креирани, монтирани и прилепувани материјали. И оваа деструктивна епизода, како и претходните не ја доби поддршката на граѓаните, затоа што тие ги прочитаа нивните лаги и скриени намери кои се на директна штета на интересите на државата и на граѓаните, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.