Зголемениот интерес на Русија во развој на односите со Латинска Америка се посилно го загрижува САД, пишува аналитичкото издание Global Risk Insights. Особено опасност предизвикува можната зделка по испораката за Никарагва на руски борбени авиони МиГ-29, бидејќи според GRI таа е способна да го измени соодносот на силите во регионот.
96
Во февруари генералниот инспектор на никарагуанската армија Адолфо Сепеда Мартинез изјавил дека неговата земја има направено “неколку чекори” за стекнување на руски борбени авиони, кои ќе се користат исклучиво за одбранбени цели. Широко е распространето мислењето дека тоа ќе бидат Миг-29. Ако зделката се оствари, Никарагва ќе стане најсериозната воена моќ во регионот, бидејќи соседните држави немаат воени авиони, способни да се натпреваруваат со Миг-29, објавија GRI. Русија, исто така, води преговори со Никарагва за изградба на објекти за мерно полнење на бомбардери со далечен дострел и воени бродови, потсетува весникот. “САД и нивните соседи-сојузници се загрижени дека договорот за испорака на оружје ќе и овозможи на Русија да го зајакне своето присуство во регионот близок до САД, во одговор на интервенцијата на Западот во работите на Украина “- се вели во публикацијата.
