135
Западните лидери, кои одбиле да ја посетат Москва на 9 мај, пропуштаат уште една можност за нормализирање на односите со Русија, пишува The Independent.
Според зборовите на аналитичарот Мери Дежевски за Русија Денот на победата е важен патриотски празник, а парадата на него е традиција што треба да се почитува. Меѓутоа западните земји, кои ревносно се однесуваат кон своите празници, се рамнодушни кон странските. “Секоја година на 9 мај Русија не само што ја слави победата над нацистичка Германија, но и жали за 20 милиони загинати во војната. Таа повторно ќе ја уважи идејата за сопственото страдање заради спасението на Европа. Игнорирањето на се тоа е грешка на Западот
