Куче најде новороденче фрлено на ѓубриште

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Улично куче по име Полно Сот (Млеко) во тајландската провинција Чонбури спасило живот на новороденче девојче кое мајката  го оставила  во ѓубриште, соопшти електронската верзија на весникот Bangkok Post.

20150505.vobsrgcxoi (1)
Белото куче кое живее на една од улиците на населба Pattana Villa, пред очите на локални жители извлекло од ѓубриште и го влечело со  чаршафи новороденчето, носејќи го кон луѓето. Жителите на населбата го  зеле спасеното девојче и повикале спасувачки тим. Детето сбило зггрижено во болница. Според информациите на локалната полиција, во записите на камерите за набљудување, инсталирани во населбата, се откриени неколку рамки со слика на жена која најверојатно е мајка на фрлениото бебе. Полицијата ја бара за да и се  подигне обвинение за обид за убиство.
Инаку интересно е  дека информацијата за спасенот  бебето од кучето, се наоѓа веднаш над публикација за британската принцеза Шарлот Елизабет Дајана. Споредбата е  едноставано пишуваат- Каков почеток , и двете бебиња стартуваат со неверојатна среќа во животот!