Непосредно пред изборите во Британија, шефот на лабуристите Ед Милибанд доживеа неверојатна промена: од целосно неразбран кандидат, тој стана политички миленик на младите и ривал на Камерон.
Последната телевизиска дебата пред изборите замалку не хо предизвика падот на Ед Милибанд – и тоа во буквална смисла на зборот. По телевизиското пренос од Јоркшир, Милибанд се лизна на сцената и изгуби рамнотежа. Тоа можеше да стане еден од оние моменти кои за цел живот остануваат да надвиснуваат како печат над една политичка кариера. Милибанд сепак успеа на последниот момент да се задржи на нозе. Дали пак тоа не беше симбол на неверојатната способност да се бори и да победува? Само до пред година и најжестокиот лабуристи не би се обложил за неговата победа на изборите. Резултатите од сите анкети беа катастрофални за него. Повеќето сметаа дека Ед Милибанд ќе ги спречи лабуристите да се претстават добро на изборите, бидејќи тој самиот е непопуларен, тешко разбирлив, со дрвени манири – такви беа оценките на учесниците во анкетите.
Во секој училишен клас има по еден од сортата на Ед Милибанд – сериозен, обдарен со малку лево однесување – само уште еден компјутерски фан. Сличен човек може да стане професор или менаџер во компјутерска фирма, но не и премиер во ерата на перманентно медиумско присуство. Минатата година Милибанд беше снимен како јаде лепче со сланина. Неговите противници ги користеа овие кадри, за да го исмејат. Во британската предизборна борба се дозволени секакви средства кои го покажуваат политичкиот противник во неповолна светлина.
При тоа шефот на лабуристите има беспрекорна политичка и професионална биографија. Како помал син на марксистичкиот политиколог проф. Ралф Милибанд, Ед израснал заедно со својот брат Дејвид во Северен Лондон во интелектуално семејство со левичарска политичка ориентација. Неговите родители се полски Евреи, иселени во Англија, за да се спасат од национал режим. И двајцата браќа учат во Оксфорд, а потоа прават политичка кариера во Лабуристичката партија во времето на Тони Блер. При Гордон Браун, Дејвид станува министер за надворешни работи, а Ед одговара за енергетските прашања и климатските промени. Добива две смени во политичката кариера и стига дури до т.н. политичко “братоубиство” на конгресот на лабуристите во 2010 година.
Партиската политика како семејна драма
По поразот на изборите Гордон Браун поднесе оставка како претседател на партијата. Дејвид Милибанд е сметан за логичен наследник – тој е симпатичен, космополитски и припаѓа на успешното десно крило на лабуристите, предводено од Тони Блер. Но неговата кандидатура доведува до расцеп со свој брат, кој на крајот победи на лидерската позиција. Со помош на синдикатите, Ед успева со минимално мнозинство да го стигне брат му. Британскиот печат тогаш пишуваше за “драма”, слична на онаа меѓу Каин и Авел. Односите меѓу двајцата браќа и до денес остануваат ладни. Оваа приказна ги натера противниците на Ед Милибанд да го претстават како суптилен и недоверлив. При тоа Ед секогаш истакна дека спорот со неговиот брат не е семејна расправија, туку несогласување со политичката линија на Лабуристичката партија.
Ед Милибанд е знак дека сме завршиле со неолиберална економска политика на Тони Блер. Тој сака да ја намали социјалната нееднаквост во земјата, да го спаси јавното здравство, да се олеснат даноците за работниците и да намали високите универзитетски такси. Се залага за обединета Европа и за едно општество на еднакви шанси – во Германија тој би бил социјалдемократ. Истовремено Ед Милибанд сака да го балансира буџетот и да го намали државниот долг. Некои Лабуристички гласачи сметаат дека нивниот кандидат нема вистинска, голема и борбена порака, со што да победи на изборите. Шефот на партијата сепак се плаши да дава нереални ветувања.
Некаде во средината на март настапи вистински пресврт. Веројатно чудото меѓу лабуристите го предизвика советникот на Обама – Дејвид Акселрод, кој е шеф на предизборниот тим на Ед Милибанд. Акселрод успеа да го натера Ед Милибанд да го открие својот вистински лик за време на телевизионите дебати и предизборните настапи. И одеднаш сите почнаа да гледаат во него како стабилен и софистицирано облечен политичар – маж со смисла за хумор и природно однесување, политичар кој цврсто ги брани своите убедувања, но и срцев човек кој умее да го слуша во туѓото мислење. Овој нов имиџ се покажа толку привлечен што британските тинејџери се натпреваруваат да прават селфија со Ед Милибанд. Тие организараха и група на негови обожаватели на интернет. Сето ова, се разбира, е и дел од успешен политички маркетинг, но истовремено и знак за тоа дека се претворил во избор за политичар.
Мачно формирање влада
Сеуште не е јасно дали оваа политичка промена ќе успее да се покаже како решавачко влијание врз исходот од изборите. Британците масовно доживуваа здодевност од политиката, а многумина го гледаат во Ед Милибанд како дел од омразената политичка елита. Во секој случај, ниту Милибанд ниту конзервативниот противник Дејвид Камерон ќе можат лесно да формираат влада по изборите во четвртокот. Последните анкети не предвидуваат за никого од двајцата доволно парлементарци за обезбедување самостојно управување. Така тие ќе треба да си бараат коалициони партнери, а помалите партии ќе имаат клучен збор.
Судбината на едно евентуално Лабуристичката влада сепак ќе зависи најмногу од шкотските националисти, за кои експертите предвидуваат сериозен успех. Ед Милибанд сепак вети да не влегува во коалиција со нив, бидејќи тие сакаат да се одделат од Велика Британија. Во најдобар случај би било можно да се состави малцинска влада, бидејќи лабуристите и шкотските националисти имаат допирни точки во многу други прашања. Ако социолозите не се лажеле тотално во прогнозите, по изборите Велика Британија ќе се соочи со доста заморно составување на влада и со целосно изменет политички пејзаж.

