Handelsblatt: Регрутите бегаат од Украина – кој на Запад, кој на Исток

од desk3
100 прегледи

Отстапувањето од воена служба стекнува во Украина масовен карактер, тврди германскиот весник Handelsblatt. Украинците ја сметаат службата во армијата како “попусто губење време” и подложување на непотребен ризик.

20150505.pkdtfrbszs

Производствените претпријатија со сите сили се обидуваат да “откачат” од служба своите вработени, давајќи за нив лажни сведоштва. Насекаде цвета нелегален бизнис за оние кои сакаат да избегнат служба во армијата: лекари тргуваат со медицински уверенија, а туристички компании организираат специјални правци за кандидатите да ја напуштат границите на земјата. Притоа жителите на Западна Украина се спасуваат од воена служба во Европа, а мажите од источните области заминуваат за Русија, забележува весникот.

Весникот потсетува дека пред неколку недели беше уапсен лекар од Черновци, кој земал за лажна медицинска референца со потпис до 3500 евра. Само во Киев до 95% од целото работоспособното машко население отстапува од воена служба. Во западниот дел од Украина над половина млади луѓе во последните месеци ја напуштиле земјата.

Во Закарпатска, Ивано-Франкивската и Лвовската област над 60% од работоспособните мажи веќе се надвор од границите на Украина. Општо земено до 70% од работоспособните мажи заминале на работа во соседните Полска и Романија, а некои дури и во Италија, Германија и Австрија. Почнува земјоделската година и секаде се појавува потреба од сезонски работници. Така на еден пат се решаваат две задачи: ги обезбедуваат семејствата и да се избегне воената служба. Многумина од нив имаат и шенген визи.

Во источните области сликата е иста, само што оттука заминуваат не на Запад, туку на Исток. Во Сумската област се организирани туристички автобуски рути кон Русија, кои се користат од соседните области за работа. Како по правило Украинците се трудат да не се враќаат без потреба во родните краишта, за да не ги повикаат во армијата, раскажува Handelsblatt.