„Говорот на премиерот Никола Груевски на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека тој не разбира што е демократија. Се плашам дека неподготвеноста да се понесе одговорност и да се седне да се разговара ја води земјата кон конфликт. Обликот и интензитетот на тоа што ќе се случува на улиците не можам да го предвидам“.
Ова се дел од поентите што проф. Денко Малески ги кажа во гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат-М. Погледнете го интегралното издание на емисијата во кое Марјан Ѓорчевг и Јове Кекекновски го анализираат Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, а својот став за политичката криза во Македонија го пренесува и Даниел Кадик од германската Фондација „Фридрих Нојман“.
