(ВИДЕО) “Бомба 30” : Вистината за смртта на Никола Младенов

од desk3
116 прегледи

Доказите што ќе ги објавиме денеска јасно упатуваат дека постапката за смртта на Никола Младенов, случајно или намерно, власта на Никола Груевски ја водела непрофесионално, неодговорно, со намерно прикривање од јавноста на клучни информации, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција.

„Ќе слушнете до каде оди злобата, нечовечноста на првите соработници на Никола Груевски? Се ситат и се изживуваат врз смртта на Никола Младенов. Ќе слушнете како се шегуваат велејќи „Кој е следниот?“, како сакале да го прашаат новинарот Героски „Дали ти се напумпани гумите?“, „Дали Геро ги испратил Младенов во смрт“ вели Јанкулоска. Овој разговор е важен и поради тоа што Котевски потврдува дека следењето на телефонските разговори се правело без судска наредба – рече Зоран Заев, лидер на СДСМ, на денешната прес конференција.