(АУДИО)”Бомба 30″ транскрипт 3: А што му се доказите? Дека овој се начукал, а? Ха, ха.

од desk3
102 прегледи

Доказите што ќе ги објавиме денеска јасно упатуваат дека постапката за смртта на Никола Младенов, случајно или намерно, власта на Никола Груевски ја водела непрофесионално, неодговорно, со намерно прикривање од јавноста на клучни информации, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција.

Заев објави разговор за кој тврди дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер во кој може да се слушне како со нив комуницирал тогашниот уредник на Н. Македонија Зоран Димитровски кој им кажал дека имал нови докази.

jankuloska-protuger

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Да.

МП: Што правиш Горде?

ГЈ: Ало? Еве се спремам да искачам. Ти што правиш?

МП: Слушај, а бе Жоро ми пиша порака сега, малце чудна.

ГЈ: И што вика?

МП: Дека имал докази.

ГЈ: За што? Ало?

МП: Ало?

ГЈ: Еј, кажи, кажи. Ало?

МП: Дека имал докази за Младенов. Биле на местото на…

ГЈ: Ама не ја водиме ние за Младнов истрагата, истражен судија ја води. Но, не не проблем, ќе му направам контакт со истражниот, ако сака.

МП: Најдобро е така.

ГЈ: Чиста работа, така?

МП: Да.

ГЈ: Место по весници, или со обвинителот, да видам кој бил тогаш дежурен обвинител. Иначе истражен, дежурен мислам беше тогаш Туфегчиќ тогаш. Не е проблем. Све што има, таму кај што треба. Бива таа работа?

МП: Да, да, да.

ГЈ: Ја можам утре од сабајле да видам со Марко кој излегол на увид обвинител. И да му се понуди: сакаш ли ти бе брат да збориш со тој што е главен за таа работа? Така е најчисто, наместо да пишуваат по весници.

МП: Да, да, да.

ГЈ: А што му се доказите? Дека овој се начукал, а? Ха, ха.

МП: Не знам што му се. Кои што ќе помогнат, ќе ги спречат сите шпекулации и ќе докажат кај бил он.

ГЈ: Добро бе. Најпрофесионално, најкоретно да му закажеме со дежурниот обвинител, може и со Марко директно, ако сакаш, ако сакаш да го истретираме.

МП: Не, нејќам да го истретираме Жоро…

ГЈ: Од кај знам…

МП: А и се изнервирав, многу глупи флаери ми пратија за Центар.

ГЈ: Ха, ха, ха. Не се секирај…

МП: Леле какви кретени се, у п..у матер

ГЈ: Море гледај Куманово ти сега, само Центар го гледате да му се сневиди. Гледај таму Куманово да победиме. Ајде.

МП: Ајде.

ГЈ: А за ова немај гајле, ќе искомуницираме, ќе го средиме нема проблем. Ајде.

МП: Ајде, чао, чао.