До 2020 година Северниот Леден Океан може да остане без мраз

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Северниот Леден Океан до 2020 година може во летниот период целосно да ја изгуби својата ледена покривка. Тоа е прогноза на специјалисти од Националната управа на САД за истражување на океанот и атмосферата.
photo_verybig_1428863
За нивна информации минатата зима во Арктикот имало помалку мраз отколку во која и да било друга година за целото време на сателитскиот  надзор. Во исто време американскиот климатолог Чип Клапенбергер изрази сомневање во овие предвидувања. Тој истакна дека слична ситуација не треба да предизвикува толку тревоги, имајќи ги предвид бројните докази за тоа дека во минатото тоа веќе се случило.Тогаш белите мечки и сите други животински видови успевале да преживеат. Изданието тврди дека според некои понови истражувања пред 6000-7000 години имало период кога крајниот север на планетата од време на време  останувал без ледена покривка.